Во топовските напади на Асадовите сили врз Идлиб загинаа двајца цивили, а 6 мина се ранети

Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран извршија топовски напади врз населени места во подрачјето на градот Идлиб во Сирија, во кои животот го загубија двајца цивили, а 6 мина се ранети

1159364
Во топовските напади на Асадовите сили врз Идлиб загинаа двајца цивили, а 6 мина се ранети

Во реализираните напади од страна на режимските сили на Бешар Асад и терористичките групи поддржани од Иран врз цивилните населени места во границите на „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“ во Сирија, животот го загубија двајца цивили.

Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран, продолжуваат да реализираат топовски напади врз населените места Серакиб, Хан Шејхун, Маратинуман, Џисир еш Шугур во „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“, и врз населените места Латемине, Морик и Кефер Зита иселата Зијаре, Хавиз и Хавиџе, како и руралното подрачје на областа на Калето Мадик, во северното рурално подрачје на градот Хама.

Директорот за Цивилна одбрана (Белите беретки) во Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф, изјави дека  режимските сили реализираат жестоки напади врз цивилните населени места во подрачјата на градовите Идлиб и Хама.

Хаџ Јусуф рече: „Во реализираните напади во текот на денот, на областите во руралното подрачје на Идлиб животот го загубија двајца цивили, а 6 мина се ранети.“

Во реализираните воздушни и копнени напади од страна на Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран врз „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“, што значи прекршување на договорот од Сочи, од почетокот на годината досега, животот го загубија најмалку 111 цивили, а повеќе од 335 мина се ранети.

Режимските сили не ги прекинаа нападите и покрај постигнатиот договор од Сочи помеѓу Турција и Русија, за зацврстување на прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб.

Согласно постигнатиот договор во Астана, Русија како гаранторска земја за Асадовиот режим, е обврзана за спречување на режимските напади.

Воените опозиционери пак, согласно потпишаниот договор на 17 септември 2018 година,  на 10 октомври 2018 година го повлекоа тешкото оружје со кое што располагаа во ова подрачје.

 



Слични вести