Целосно отворен за сообраќај пакистанскиот воздушен простор

Пакистанскиот воздушен простор кој што беше затворен на 27 февруари и по 3 дена беше делумно отворен денска е целосно отворен за сообраќај и за аеродромите во Фајсалабад, Мултан и Рахим Јар Хан

1159310
Целосно отворен за сообраќај пакистанскиот воздушен простор

Целосно е отворен пакистанскиот воздушен простор кој што беше затворен поради обостраните реализирани воздушни операции помеѓу двете соседни земји, Индија и Пакистан.

Според објавеното соопштение од Авторитетот за цивилно воздухопловство на Пакистан (CAA), пакистанскиот воздушен простор кој што беше затворен на 27 февруари и по 3 дена беше делумно отворен денска е целосно отворен за сообраќај и за аеродромите во Фајсалабад, Мултан и Рахим Јар Хан.

На тој начин воздушниот простор на Пакистан е целосно отворен за сообраќај.

Поради одлуката за затворање на воздушниот простор што беше причина за промена или откажување особено на авионските линии помеѓу Азија и Европа, авионите ја користеа рутата над Иран и Кина.

За летовите помеѓу Јужна Азија и Европа пак, беше користена рутата над Оман. Ваквата одлука, освен тоа што доведе до подолги авионски летови, беше причина за зголемување и на трошоците за гориво.

Тензијата помеѓу двете соседни земји кулминираше на 26 февруари, по случајот со нарушување на пакистанскиот воздушен простор од страна на Индија.

Како одговор на тоа Пакистан на 27 февруари бомбардираше цели во Индија.

Истиот ден, Пакистан собори два индиски авиони кои го нарушија неговиот воздушен простор, а потоа Пакистан и Индија ги затворија еден дел или целосно своите воздушни простори.



Слични вести