Реакција од Северна Кореја против заедничкте воени вежби на САД и Јужна Кореја

Властите во Пјонгјанг застанаа во одбрана на тоа дека заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, на Корејскиот полуостров, под името „Don Maeng“ (Брат) ги прекршуваат постигнатите спогодби на самитите помеѓу двете земји

1159252
Реакција од Северна Кореја против заедничкте воени вежби на САД и Јужна Кореја

Северна Кореја покажа реакција на заедничките воени вежби кои што ги реализираат САД и Јужна Кореја, на Корејскиот полуостров.

Во објавеното соопштение од страна на официјалната новинска агенција на Северна Кореја „KCNA“, се истакнува дека властите во Пјонгјанг застанаа во одбрана на тоа дека заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја  под името „Don Maeng“ (Брат) ги прекршуваат постигнатите спогодби на самитите помеѓу двете земји.

Во соопштението се вели следното: „Тоа претставува директен предизвик против целите и очекувањата на целиот корејски народ и меѓународната заедница во правец на воспоставување на мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров.“

Инаку, САД на почетокот на овој месец соопштија дека е донесена одлука за откажување на воените вежби „Клучна решителност“ и „Мал орел“ кои што ги реализираат заеднички секоја пролет со Јужна Кореја, на Корејскиот полуостров.

Воени функционери на САД и Јужна Кореја одлучија наместо воените вежби „Клучна решителност“ кои што траат две недели да се одржат воените вежби „Don Maeng“ (Брат) од помал размер, кои што ќе траат една недела. 

Американскиот претседател Доналд Трамп, минатата година ги критикуваше овие две наведени воени вежби со образложение дека како што рече „ги чинат САД многу пари“ и ги суспендира за привремено овие воени вежби.



Слични вести