Билансот на жртвите во лизгањето на земјиштето во рудникот во Индонезија се искачи на 27 лица

Претседателот на Агенцијата за управување со елементарни непогоди на Боланг Монгондоф Абдул Муин Папутунган соопшти дека бројот на загинатите во лизгањето на земјиштето во еден илегален рудник за злато од 16 лица се зголеми на 27 лица

1159910
Билансот на жртвите во лизгањето на земјиштето во рудникот во Индонезија се искачи на 27 лица

Бројот на загинатите во лизгањето на земјиштето што се случи на 26 февруари во еден рудник во областа Боланг Монгондов во провинцијата Северно Сулавеси во Индонезија се зголеми на 27 лица.

Според вестите објавени во локалниот печат, претседателот на Агенцијата за управување со елементарни непогоди на Боланг Монгондоф Абдул Муин Папутунган соопшти дека бројот на загинатите во лизгањето на земјиштето во еден илегален рудник за злато од 16 лица се зголеми на 27 лица.

Велејќи дека постои опасност од лизгање на земјиштето при ископувањата, истиот функционер напомена дека поради животната безбедност на екипите е донесена одлука за стопирање на активностите за пребарување и спасување.

Тој воедно додаде дека нема точни податоци во врска со тоа колку лица се уште се наоѓаат затрупани под земјата и дека во работите кои што беа водени досега беа спасени вкупно 18 лица.



Слични вести