Азербејџан ќе го екстрадира терористот Озѓур Думан

Терористот Думан за кого постои потерница поради членство во сепаратистичко-терористичката организација ПКК и поседување експлозиви, од Турција побегна за Грузија

1159284
Азербејџан ќе го екстрадира терористот Озѓур Думан

Терористот Озѓур Думан, член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кој се наоѓа во затвор во Азербејџан ќе биде екстрадиран во Турција.

Судот за тешки кривични дела на Баку го разгледа барањето на Министерството за правда за екстрадиција на турскиот граѓанин Озѓур Думан (29). На расправата беше донесена одлука за екстрадиција на Озѓур Думан на Турција.

Терористот Думан за кого постои потерница поради членство во сепаратистичко-терористичката организација ПКК и поседување експлозиви, од Турција побегна за Грузија.

Турција по распишувањето меѓународна потерница, Думан кој премина во Азербејџан, аплицираше до Државната канцеларија за миграции на Азербејџан под изговор дека ги изгубил документите изнесувајќи го ставот дека бил граѓанин на Сирија.

По истражната постапка што ја спроведоа азербејџанските власти беше утврдено дека Думан лаже и дека е член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК поради што започна правосудна постапка.



Слични вести