Амбасадорот на Германија во Венецуела Даниел Кријнер прогласен за непожелна личност

Во одлуката на венецуелската влада се истакнува дека амбасадорот на Германија во Каракас Даниел Кријнер е прогласен за „непожелна личност“ и дека му е даден рок од 48 да ја напушти земјата

1158451
Амбасадорот на Германија во Венецуела Даниел Кријнер прогласен за непожелна личност

Амбасадорот на Германија во Венецуела Даниел Кријнер прогласен за „непожелна личност“.

Венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза на својата сметка на социјалната мрежа Твитер ја сподели одлуката на владата по ова прашање.

Во одлуката се истакнува дека амбасадорот на Германија во Каракас Даниел Кријнер е прогласен за „непожелна личност“ и дека му е даден рок од 48 да ја напушти Венецуела.

Во одлуката се вели дека германскиот амбасадор Кријнер „делувал како политичка фигура во усогласеност со компло дејствата на екстремните средини“ на венецуелската опозиција и дека тоа е неприфатливо.

Се привлекува внимание дека однесувањата на германскиот амбасадор Кријнер се косат со одредбите со кои што се регулираат меѓународните односи и се нагласува дека „постојано интервенирал во внатрешните работи на Венецуела“.

Во одлуката исто така се потсетува дека Венецуела е независна земја и се подвлекува дека тоа нема да се дозволи.

Во одлуката воедно се додава дека венецуелската влада е отворена за дијалог со европските влади.

Претседателот на Националното Собрание на Венецуела, кое се наоѓа во рацете на опозицијата, Хуан Гуаидо во јануари се прогласи за „привремен претседател на државата“ и веднаш потоа најпрвин беше признат од страна на САД, а потоа и од земји како што се Австралија, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Коста Рика и Гватемала, а како последно чекор во оваа насока фрли и Европскиот парламент (ЕП).

Од друга страна Турција Мексико Русија Иран Куба Кина и Боливија ја повторија поддршката на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

По овие случувања Мадуро соопшти дека ги прекинува дипломатските и политичките односи со САД, но рече дека трговските односи ќе продолжат.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак, истакна дека една од опциите е да се испрати војска во Венецуела.


 



Слични вести