Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 17 цивили, а 9 мина се ранети

Портпаролот на провинцијата Нангархар Атаулах Хугјанеј истакна дека цел на нападот била канцеларијата на една градежна фирма во Џелалабад

1157994
Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 17 цивили, а 9 мина се ранети

Во реализиран самоубиствен напад во близина на аеродромот во градот Џелалабад во провинцијата Нангархар во источниот дел на Авганистан животот го загубија 17 цивили, а 9 мина се ранети.

Портпаролот на провинцијата Нангархар Атаулах Хугјанеј истакна дека цел на нападот била канцеларијата на една градежна фирма во Џелалабад.

Тој рече дека по самоубиствениот напад вооружени лица извршиле напад на канцеларијата на фирмата.

За време на нападот 5 мина напаѓачи беа убиени од страна на авганистанските безбедносни сили.

Вооружениот судир помеѓу безбедносните сили кои беа испратени во областа и вооружените лица траеше 3 часа.

Засега одговорноста за нападот не ја презеде никој.



Слични вести