Одговор од Трамп на писмото на групата сенатори: „Сто посто се согласувам. Сето тоа се прави.“

Американскиот претседател Доналд Трамп на писмото на групата сенатори во кое се бара САД да остават свои војници во Сирија, го напиша следното: „Сто посто се согласувам. Сето тоа се прави.“

1157778
Одговор од Трамп на писмото на групата сенатори: „Сто посто се согласувам. Сето тоа се прави.“

Забелешката и рачниот потпис на американскиот претсеадтел Доналд Трамп на писмото потпишано од страна на група сенатори под водство на Републиканскиот сенатор од Јужна Каролина Линдзи Грахам кое што на 22 февруари било испратено до Белата куќа, пристигна до телевизискиот канал „ABC“.

Според тоа, американскиот претседател Доналд Трамп на писмото на групата сенатори во кое се бара САД да остават свои војници во Сирија, го напиша следното: „Сто посто се согласувам. Сето тоа се прави.“

Во писмото на сенаторите се вели дека се дочекува со задоволство тоа што САД ќе остават војници во Сирија и тоа што и европските земји ќе испратат свои војници со што ќе дадат поддршка на овој напор.

Трамп го ставил во заграда изразот во писмото „И ние исто како и вие водиме напори да не се врати повторно ДЕАШ, да не се охрабрува Иран, да не ги изгубиме нашите придобивки во Сирија, да ги зацврстиме нашите придобивки и да овозможиме да се добие најдобриот резултат од Женева, за интересите на САД.“ 

На писмото пак, американскиот претседател Доналд Трамп заедно со својот рачен потпис ја поставил забелешката „Сто посто се согласувам. Сето тоа се прави.“

 

 

 



Слични вести