На 9 март, во сабота на улиците во Венецуела ќе излезат приврзаниците и на опозицијата и на власта

Претседателот Мадуро, на повикот на претседателот на Националното Собрание самопрогласениот „привремен претседател на државата“ Гуаидо до опозиционерите да излезат на улица, одговори на ист начин и соопшти дека во сабота ќе биде одржан голем митинг

1157656
На 9 март, во сабота на улиците во Венецуела ќе излезат приврзаниците и на опозицијата и на власта

На 9 март, во сабота, на улиците во Венецуела ќе излезат приврзаниците и на опозицијата и на власта.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, на повикот на претседателот на Националното Собрание самопрогласениот „привремен претседател на државата“ до опозиционерите да излезат на улица, одговори на ист начин и соопшти дека во сабота ќе биде одржан голем митинг. 

Мадуро кој говореше на програмата што се одржа во главниот град Каракас по повод одбележувањето на шестата годишнина од смртта на поранешниот претседател Хуго Чавез, потсети дека поранешниот американски претседател Барак Обама на 9 март 2015 година го потпиша указот во кој Венецуела се оценува како национална закана за САД.  

Велејќи дека настанот за кој што станува збор го оценуваат како „Боливарски антиимперијалистички ден“, Мадуро рече: „Во сабота ќе излеземе на улица.“

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро воедно ги повика венецуелските жени на 8 Март, во петокот Светскиот ден на жената да излезат на улица и напомена дека истиот ден ќе даде значајни изјави. 

Од друга страна, самопрогласениот „привремен претседател на државата“ претседателот на Националното Собрание Хуан Гуаидо кој завчера слободно влезе во Венецуела од каде замина на 22 февруари, на одржаниот митинг во главниот град Каракс се состана со своите приврзаници и со претставниците на некои синдикати.

На средбата што се одржа во една обрзаовна институција во Каракас, Гуаидо соопшти дека синдикатите на јавните установи ќе одржат како што рече „ефикасен штрајк“.

Хуан Гуаидо истакна дека датумот на започнување на штрајкот ќе биде соопштен од страна на синдикатите и дека предлогот пристигнал од синдикатите.



Слични вести