Хилари Клинтон не мисли да се кандидира за претседателските избори во 2020 година

Хилари Клинтон во дадената изјава за телевизијата „Њуз 12“ во Њујорк рече: „Нема да учествувам во изборната трка. Ќе продолжам да работам, зборувам и да го поддржувам тоа во што верувам.“

1157841
Хилари Клинтон не мисли да се кандидира за претседателските избори во 2020 година

Кандидатката на Демократската партија на претседателските избори во САД во 2016 година и поранешна државна секретарка Хилари Клинтон соопшти дека нема да се кандидира за претстојните претседателски избори во 2020 година.

Хилари Клинтон во дадената изјава за телевизијата „Њуз 12“ во Њујорк рече: „Нема да учествувам во изборната трка. Ќе продолжам да работам, зборувам и да го поддржувам тоа во што верувам.“

Велејќи „Она што се случува сега, се работи кои ја вовлекуваат во опасност нашата земја и кои ме потресуваат длабоко,“ Клинтон појасни дека разговарала со голем број Демократи кои се кандидирале за претседател, но дека не мисли оти во иднина би се кандидирала за било која државна функција.

Инаку, Хилари Клинтон беше првата жена кандидат на Демократската партија за претседател на САД, во историјата на оваа земја.

Досега, своите кандидатури од Демократската партија за претседателските избори во САД, во 2020 година ги истакнаа сенаторот од Вермонт Барни Сандерс, сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен, сенаторот на Њу Џерси Кори Букер и сенаторката од Калифорнија Камала Харис.

 



Слични вести