Хуан Гуаидо по 11 дена поминати во странство се врати во Венецуела

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо кој замина од земјата земјата пред 11 дена, на својот профил преку социјалната медија напиша: „Во Венцуела влегуваме како слободни граѓани, никој не може да го каже спротивното“

1156864
Хуан Гуаидо по 11 дена поминати во странство се врати во Венецуела

Самопрогласениот „привремен претседател на државата“ претседателот на Националното Собрание и опозициски лидер Хуан Гуаидо по 11 дена се врати во Венецуела.

Гуаидо кој замина од земјата еден ден пред иницијативата на САД за внесување во Венецуела на испратената „хуманитарна помош“ во Колумбија, во соопштението што го објави на својот профил преку социјалната медија напиша:„Во Венцуела влегуваме како слободни граѓани, никој не може да го каже спротивното.“

Хуан Гуаидо по Колумбија ги посети земјите во регионот од чија страна е поддржуван и тоа Бразил, Аргентина, Парагвај и Еквадор.

Венецуелскиот главен јавен обвинител Тарек Вилијам Сааб на крајот на јануари се обрати до Врховниот суд за правда со барање за донесување забрана за излез на Гуаидо во странство и замрзнување на неговиот имот и банкарските сметки, по што наредниот ден овие мерки беа одобрени.

Претседателот на Националното Собрание на Венецуела, кое се наоѓа во рацете на опозицијата, Хуан Гуаидо во јануари се прогласи за „привремен претседател на државата“ и веднаш потоа најпрвин беше признат од страна на САД, а потоа и од земји како што се Австралија, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Коста Рика и Гватемала, а како последно чекор во оваа насока фрли чекор и Европскиот парламент (ЕП).

Од друга страна Турција Мексико Русија Иран Куба Кина и Боливија ја повторија поддршката на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

По овие случувања Мадуро соопшти дека ги прекинува дипломатските и политичките односи со САД, но рече дека трговските односи ќе продолжат.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак, истакна дека да една од опциите е да се испрати војска во Венецуела.



Слични вести