Во торнадото во Алабама, во САД загинаа 22 лица, а голем број се повредени

Надлежни истакнуваат дека бројот на жртвите поради торнадото кое ја погоди областа Ли Каунти во сојузната држава Алабама се зголеми на 22 лица и дека меѓу жртвите има и деца, а голем број лица се повредени

1156103
Во торнадото во Алабама, во САД загинаа 22 лица, а голем број се повредени

Во торнадото кое што ја погоди сојузната држава на САД, Алабама, животот го загубија 22 лица, а голем број лица се повредени.

Надлежни истакнуваат дека бројот на жртвите поради торнадото кое ја погоди областа Ли Каунти во сојузната држава Алабама се зголеми на 22 лица и дека меѓу жртвите има и деца, а голем број лица се повредени.  

Торнадото кое што се појави заедно со силна бура ги откорна дрвјата од корен и предизвика штети во куќите.

Торнадото го зафати и југозападниот дел на сојузната држава Џорџија каде што беа скршени стаклата и беа откорнати покривите на голем број куќи.

Функционери истакнуваат дека поради уривање на дрвја врз некои куќи има семејства кои се заглавени во нивните домови, а воедно издадоа предупредување од торнадо и за сојузните држави Флорида и Јужна Каролина.

Американскиот претседател Доналд Трамп во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер посака од народот во Алабама да биде внимателен и во безбедност.



Слични вести