Во нападите на Асадовите сили врз подрачјето на градот Идлиб во февруари загинаа 72'јца цивили

Силите на Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од  Иран во месец февруари реализираа 1.797 топовски и ракетни напади и 67 воздушни напади врз подрачјето на градот Идлиб во кои животот го загубија 72'јца цивили, а 186 цивили се ранети

1156690
Во нападите на Асадовите сили врз подрачјето на градот Идлиб во февруари загинаа 72'јца цивили

Во реализираните воздушни напади од страна на режимските сили на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран на подрачјето на градот Идлиб во Сирија, во месец февруари, животот го загубија 72'јца цивили.

Според добиени информации од изворите за Цивилна одбрана (Белите беретки), силите на Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од  Иран во месец февруари реализираа 1.797 топовски и ракетни напади и 67 воздушни напади врз подрачјето на градот Идлиб.

Во нападите животот го загубија 72'јца цивили од кои 28 деца и 22 жени, а 186 цивили се ранети од кои 48 деца и 32 жени.

За време на активностите за пребарување и спасување и гаснење на пожарите животот го загуби и еден доброволец за цивилна одбрана, а четворица доброволци се ранети.

Во работите за уништување на неексплодираните бомби фрлени за време на нападите на силите на Асадовиот режим се уништени 83 бомби.

Во населеното место Хан Шејхун кое е цел на најжестоките напади во подрачјето на градот Идлиб се оштетени две фурни, 9 училишта и 3 џамии.

Во воздушните и копнените напади врз цивилните населени места во населеното место кое се наоѓа во границите на „областа за намалување нан затегнатоста во Идлиб“ кои што ги реализираат асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран, прекршувајќи го притоа договорот од Сочи, од почетокот на годината досега животот го загубија најмалку 105 цивили, а повеќе од 300 цивили се ранети.

Од договорот потпишан помеѓу Турција и Русија за зачувување на прекинот на огнот во Идлиб досега пак, беа приморени да ги напуштат своите домови повеќе од 25 илјади семејства.

Поради нападите во подрачјето, 334 училишта беа приморени да го прекинат образованието.



Слични вести