Палестинецот Адил ес-Селвади почна штрајк со глад

Израел со имплементацијата на административно лишување од слобода, притворените Палестинци поради наводни разузнавачки активности може да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци

1156082
Палестинецот Адил ес-Селвади почна штрајк со глад

Палестинскиот затвореник Адил ес-Селвади почна штрајк со глад.

Братот на 46 годишниот Селвади, Џемил рече дека израелските власти пред два месеци го притвориле брат му во Ерусалим и дека без некое обвинување, притворот му бил претворен во 6 месечна административно лишување од слобода.

Во знак на протест на оваа одлука, брат ми започна штрајк со глад, рече Џемил и ќе продолжи се додека не излезе пред суд.

Израел со имплементацијата на административно лишување од слобода, притворените Палестинци поради наводни разузнавачки активности може да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.

Во случај да се донесе одлука дека притворениот Адил предизвикал закана за безбедноста на Израел, воениот судија без обвинување казната може да ја продолжи до 5 години.

Според палестински официјални извори, во затворите на Израел се наоѓаат 430 лица поради административно лишување од слобода и околу 6 илјади Палестинци од кои 270 деца.



Слични вести