Израелски воен авион изврши напад на набљудувачки пункт на Хамас во Газа

Не беа споделени информации за тоа дали има човечки загуби во нападот реализиран на набљудувачки пункт на Бригадите Изетин ел-Касам во централниот дел на Газа

1155797
Израелски воен авион изврши напад на набљудувачки пункт на Хамас во Газа

Воен авион на Израел бомбардираше набљудувачки пункт во Газа на Бригадите Изетин ел-Касам, военото крило на Хамас.

Не беа споделени и формации за тоа дали има човечки загуби во реализираниот напад на источниот дел на кампот Ел-Мегази, во централниот дел на Газа.

По ова прашање не беше објавено било какво соопштение и од страна на палестинското министерство за здравство.

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се истакнува дека воздушниот напад е реализиран како одговор на балоните со запалив материјал кои што биле испратени врз еврејските населби во близина на Газа.

Палестинците од 30 март 2018 година на границата меѓу Израел и Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада, одржуваат мирољубиви протести под името "Големиот марш за  враќање".

На протестите кон израелската повремено се испраќаат балони со запалив материјал.

Израелските војници пак, пукаат со вистински куршуми врз цивилниот народ кој бара да се врати назад на своите територии од кои беше прогонет и да биде укината незаконската блокада врз Газа која што се применува од 2006 година.

Во интервенцијата на изралските војници врз цивилите од 30 март досега се убиени над 230 Палестинци.



Слични вести