Билансот на жртвите од поплавите во Кандахар во Авганистан се искачи на 20 лица

Расте билансот на жртвите во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд кои што продолжуваат веќе неколку дена во провинцијата Кандахар на југот на Авганистан

1156017
Билансот на жртвите од поплавите во Кандахар во Авганистан се искачи на 20 лица

Бројот на загинатите во катастрофата од поплави до кои што дојде вчера во провинцијата Кандахар во јужниот дел на Авганистан, се зголеми на 20 лица.

Во објавеното соопштение од Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) за координација на хуманитарната помош, се истакнува дека поради поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд кои што продолжуваат веќе неколку дена во провинцијата Кандахар се оштетени 2 илјади куќи.

Во соопштението се вели дека во населеното место Аргандаб во провинцијата Кандахар поради поплавите чекаат да бидат спасени приближно 500 семејства  и се нагласува дека треба да им се достави итна помош на загрозените од поплавите.



Слични вести