Во воздушен напад на АФРИКОМ во Сомалија се убиени 26 припадници на Еш Шебаб

Во објавеното псимено соопштение од Командата на војската на САД за Африка (АФРИКОМ) се истакнува дека во воздушен напад на областа на областа Хиран во Сомалија се убиени 26 припадници на терористичката организација Еш Шебаб

1155700
Во воздушен напад на АФРИКОМ во Сомалија се убиени 26 припадници на Еш Шебаб

Во реализиран воздушен напад од страна на Командата на војската на САД за Африка (АФРИКОМ) на областа Хиран во Сомалија се убиени 26 припадници на терористичката организација Еш Шебаб.

Во објавеното писмено соопштение од АФРИКОМ се истакнува дека нападот за кој што се наведува дека е реализиран во четвртокот, е 24'ти реализиран напад против терористичката организација Еш Шебаб оваа година.

Во соопштението не се дадени детали во врска со нападот, туку е споделена информацијата дека ќе продолжи да се соработува со сомалиските власти во операциите кои што се реализираат против терористичката организација Еш Шебаб.

Во соопштението не беа дадени информации во врска со цивилните загуби.

Во објавеното соопштение од страна на Командата на војската на САД за Африка (АФРИКОМ) на 25 февруари беше соопштено дека во реализиран воздушен напад во близина на населеното место Беледвејне во областа Хиран во Сомалија се убиени 35 припадници на терористичката организација Еш Шебаб.



Слични вести