Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Индонезија

По земјотресот не беше прогласена алармантна состојба за евентуално цунами

1155218
Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди областа Сулавеси во Индонезија.

Заводот за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на 180 км под земјата на 123 км североисточно од островите Сенгихе во провинцијата Северно Сулавеси.

По земјотресот не беше прогласена алармантна состојба за евентуално  цунами, а исто така нема точни информации за евентуалните жртви и материјална штета.

Во земјотресот со јачина од 7,5 степени на 28 септември 2018 година во заливот Палу на островот Сулавеси во Индонезија како и цунамито што следуваше веднаш по земјотресот загинаа 4 340 лица.



Слични вести