САД за фаќање на Хамза, синот на Усаме бин Ладен нудат награда од 1 милион долари

Американскиот државен секретаријат објави писмено соопштение во врска со поставената парична награда за Хамза, синот на Усаме бин Ладен, во висина од 1 милион долари

1154982
САД за фаќање на Хамза, синот на Усаме бин Ладен нудат награда од 1 милион долари

САД поставија парична награда од 1 милион долари за Хамза бин Ладен, синот на поранешниот лидер на Ал Каеда Усаме бин Ладен.

Американскиот државен секретаријат објави писмено соопштение во врска со поставената награда за Хамза, синот на Усаме бин Ладен.

Во соопштението, Хамза бин Ладен се дефинира како нов лидер во подем во организацијата Ал Каеда и се вели дека од 2015 година до денес Тој објавува аудио и видео-снимки со кои ги поттикнува членовите на организацијата да извршуваат напади врз бази на САД и се обидува да се одмазди за татко му Усаме бин Ладен, кој беше убиен во 2011 година.

Во писменото соопштение на Стејт департментот исто така се истакнува дека Хамза бин Ладен од јануари 2017 година е внесен во статус на „Специјално означен глобален терорист“ и дека поради тоа е замрзнат целиот негов имот во САД.

„Програмата Награда за правда на американскиот државен секретаријат нуди 1 милион долари за доставување информации за идентитетот или локацијата на клучниот лидер на Ал Каеда Хамза бин Ладен.“ - стои во соопштението на Стејт департментот.

 



Слични вести