Постои можност да му се суди на Нетанјаху

Главниот обвинител Авичаи Менделблит пред да ја донесе конечната одлука ќе го сослуша премиерот

1154875
Постои можност да му се суди на Нетанјаху

Главниот израелски обвинител Авичаи Менделблит ја објави неконечната одлука во врска со трите посебни истражни досиеја против премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Според израелските медиуми, Менделблит кој подготви обвинение од 57 страници, во изјавата за печатот рече дека врз основа на досието број 4000 кое се однесува на поткуп и злоупотреба на функцијата, како и досиејата број 1000 и 200 кои се однесуваат на корупцијата и злоупотреба на функцијата, постои можност премиерот Нетанјаху да биде изнесен пред суд.

Главниот обвинител пред да ја донесе конечната одлука ќе го сослуша премиерот.

Главниот обвинител Менделблит, премиерот Нетанјаху се очекува да го повика на сослушување по предвремените парламентарни избори за кажани за 9 април.

Членовите на партијата на Нетанјаху – Ликуд истакнаа дека одлуката на главниот обвинител Менделблит претставува политички зулум.

Вчера партијата Ликуд поднесе барање до Врховниот суд, главниот обвинител Мендеблит одлуката да ја објави по предвремените избори, кое беше одбиено од страна на судот.



Слични вести