Лавров: САД вложуваат обиди да извршат воена интервенција во Венецуела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека САД прекршувајќи ги меѓународните норми вложуваат обиди да извршат воена интервенција во Венецуела

1155384
Лавров: САД вложуваат обиди да извршат воена интервенција во Венецуела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва се состана со потпретседателката на Венецуела Делси Родригес со која потоа одржаа заедничка прес-конференција.

Лавров истакна дека САД прекршувајќи ги меѓународните норми, вложуваат обиди да извршат воена интервенција во Венецуела.

Нагласувајќи дека проблемот во Венецуела треба да се реши со посредство на дијалог по мирен пат, Лавров напомена дека е загрижен поради политиката на САД кон Венецуела.

„САД прекршуваќи ги меѓународните норми, вложуваат обиди да извршат воена интервенција во Венецуела. Земјите кои ја поддржуваат Венецуела, можат да ја спречат реализацијата на плановите на САД.“ - рече Лавров.

Министерот Лавров привлече внимание дека САД со санкциите кои што ги спроведуваат кон венецуелските компании, се обидуваат да предизвикат хуманитарна криза.

Потпретседателката на Венецуела Делси Родригес пак, истакна дека поради санкциите на САД канцеларијата на државната нафтена компанија на Венецуела (PDVSA), од Лисабон, ќе биде преместена во Москва.



Слични вести