Кина и Русија ставија вето на предлогот на САД во врска со Венецуела

САД и Русија доставија две спротивни нацрт-резолуции

1154757
Кина и Русија ставија вето на предлогот на САД во врска со Венецуела

Кина и Русија ставија вето на нацрт-резолуцијата на САД за одржување избори под контрола на меѓународни набљудувачи во Венецуела која беше доставена до СБ на ОН.

Нацрт-резолуцијата на Русија за неинтервенирање во политичката независност и немешање во внатрешните работи на Венецуела, беше одбиена како последица на недоволната поддршка од членките на советот.

САД и Русија доставија две спротивни нацрт-резолуции.

Русија и Кина ставија вето на нацрт-резолуција на САД за започнување мировен политички процес во Венецуела под контрола на меѓународни набљудувачи и повикот за одржување слободни, праведни и безбедни претседателски избори и доставување меѓународна помош.

На нацрт-резолуцијата на САД се спротивстави и привремената членка на Советот Јужноафриканската Република, додека 9 земји гласаа за. Екваторска Гвинеја, Индонезија и Брегот на Слоновата Коска беа воздржани.

Во американската нацрт-резолуција се изнесува длабока загриженоста дека претседателските избори кои се одржаа на 20 мај 2018 не биле праведни и слободни,  поради што се упатува повик за одржување слободни, праведни и безбедни избори под контрола на меѓународни набљудувачи. Во нацрт-резолуцијата се истакнува дека треба да се обезбеди безбедноста на членовите на националното собрание и опозицијата.

За да не се влоши хуманитарната состојба во земјата, треба да се обезбеди доставување на меѓународната помош на граѓаните, беше истакнато во нацрт-резолуцијата.

Нацрт-предлогот на Русија за неупотребување сила врз политичката независност како и немешање во внатрешните работи на Венецуела не наиде на поддршката на останатите 9 земји членки на СБ на ОН. Нацрт-резолуцијата на Русија беше поддржана од страна на 4 земји членки, 7 беа против, додека 4 земји беа воздржани.



Слични вести