Цената на Брегзит без договор би можела да изнесува годишно дополнителни 13 милијарди фунти

Според еден извештај на британската влада, царинските контроли во случај земјата да излезе од ЕУ на 29 март без да се постигне договор, би можеле да донесат дополнителни трошоци за деловниот свет годишно во износ од приближно 13 милијарди фунти

1153928
Цената на Брегзит без договор би можела да изнесува годишно дополнителни 13 милијарди фунти

Излезот на Велика Британија  од Европската унија (ЕУ) односно Брегзит, без постигнување договор би можело да го чини деловниот свет годишно дополнителни 13 милијарди фунти.

Во извештајот под наслов "Влијанијата на излезот на Велика Британија од ЕУ врз деловниот свет и трговијата" подготвен од страна на британската влада се истакнува дека царинските контроли кои што ќе се применуваат во случај земјата да излезе од ЕУ на 29 март без да се постигне договор би можеле да донесат дополнителни трошоци за деловниот свет годишно во износ од приближно 13 милијарди фунти.

Во извештајот се вели дека во случај на разделба без договор се очекува пораст на цените на храната и стои следното: "Сфера која што би можела да биде подложена на влијание на најуочлив начин во Британија е доцнењето на испораката на производите кои што доаѓаат преку Ла Манш. 30 отсто од потребите од храна на Британија доаѓаат од ЕУ."

Во извештајот се нагласува дека одделувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) без договор би можело да доведе до промена и на начинот на однесување на потрошувачите и да дојде до тешкотии во обезбедувањето на одредени прехранбени производи, а исто така се вели дека во случај на разделба без договор британската економија во наредните 15 години би можела да се намали повеќе за 6 до 9 отсто од очекувањата на владата.

Гувернерот на Централната банка на Велика Британија (БоЕ) Марк Карни на 12 февруари ја изнесе констатацијата дека изнаоѓањето на соодветно решение во врска со Брегзит  е во полза на секого и дека разделбата без договор ќе претставува економски шок за земјата.
 



Слични вести