Самитот Трамп-Ким во Ханој, Виетнам, без договор

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс истакна дека на остварените разговори помеѓу Трамп и Ким во виетнамскиот главен град Ханој, не ножеше да се постиге договор, но дека разговорите помеѓу двете земји ќе продолжат во иднина

1154302
Самитот Трамп-Ким во Ханој, Виетнам, без договор

На вториот самит помеѓу претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун, што се одржа во главниот ргад на Виетнам, Ханој, не можеше да се постигне соодветен договор.

По самитот претседателот Трамп рече: „Одлучивме да не потпишеме било каков договор со Северна Кореја“.

Влејќи дега засега ќе продолжат и санкциите врз Северна Кореја, Трамп информира дека лидерот на Северна Кореја Ким ветил дека нема да врши нуклеарни и ракетни тестирања. 

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс пак, истакна дека на остварените разговори помеѓу Трамп и Ким не можеше да се постиге договор, но дека разговорите помеѓу двете земји ќе продолжат во иднина.

Сандерс, средбата помеѓу двајцата лидери ја окарактеризира како мошне добра и конструктивна.

Таа напомена дека Трамп и Ким разговарале за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров и рече: „Засега не е постигнат договор, но претставниците на двете земји се нетрпеливи да се состанат во иднина.“

Како што се истакнува,Трамп и Ким го напуштиле пред планираното хотелот каде што беше остварена средбата, така да и планираната заедничка церемонија на потпишување одреден договор била откажана.



Слични вести