Роберт Вуд: Претседателот Трамп се подготвува за средба со легитимниот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо

Постојаниот претставник на САД во Конференцијата на ОН за разоружување, амбасадорот Роберт Вуд соопшшти дека претседателот Трамп прави подготовки за средба со легитимниот претседател на Венецуела, а тоа е Хуан Гуаидо

1154085
Роберт Вуд: Претседателот Трамп се подготвува за средба со легитимниот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо

Пристигнуваат информации дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се состане со самопрогласениот привремен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо.

Постојаниот претставник на САД во Конференцијата на ОН за разоружување, амбасадорот Роберт Вуд, одржа состанок за претставниците на печатот во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева каде што се одржува Конференцијата за разоружување и притоа одговори негативно на повикот на Венецуела за средба со американскиот претседател Доналд Трамп и рече: „Претседателот Трамп прави подготовки за средба со легитимниот претседател на Венецуела, а тоа е Хуан Гуаидо.“

Роберт Вуд изнесе низа обвинувања против венецуелскиот претседател Николас Мадуро и тврдеше дека легитимниот лидер на земјата е претседателот на Националното Собрание Хуан Гуаидо кој се прогласи себе си за „привремен претседател на државата“. 

Тој затсана и во одбрана на тоа дека доколку му се случи било што на Хуан Гуаидо одговорен за тоа ќе биде Мадуро.

На едно поставено новинарско прашање во врска со повикот до САД за дијалог што вчера венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза го достави на 40'сетата седница на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН), Роберт Вуд одговори со зборовите: „Претседателот Трамп прави подготовки за средба со легитимниот претседател на Венецуела, а тоа е Хуан Гуаидо. Режимот на Мадуро е неприфатлив и ние не го признаваме.“



Слични вести