При рушење на илегален рудник за злато во Индонезија загинаа 7 лица, а повеќе од 30 се заглавени

Во активностите за пребарување и спасување се извлечени мртвите тела на 6 лица, еден спасен тешко повреден рудар го загуби животот го болница, а се мисли дека во рудникот се наоѓаат затрупани повеќе од 30 лица

1154551
При рушење на илегален рудник за злато во Индонезија загинаа 7 лица, а повеќе од 30 се заглавени

Во лизгање на земјиштето предизвикано од рушење во еден илегален рудник за злато во провинцијата Северно Сулавеси во Индонезија, животот го загубија 7 лица, а се уште не може да се дојде до повеќе од 30 лица, за кои се мисли дека останале заглавени во рудникот.

Во активностите за пребарување и спасување се извлечени мртвите тела на 6 лица, а еден спасен тешко повреден рудар го загуби животот го болницата каде што беше пренесен на лекување.

Функционери на Националната агенција за пребарување и спасување (БАСАРНАС) истакнаа дека се мисли дека повеќе од 30 лица се уште се наоѓаат затрупани под земја и дека во досегашните активности за пребарување и спасување се спасени 19 лица.

Надлежни велат дека се во комуникација со некои затрупани рудари под земјата и дека на одредени места на некои од нив им е доставена вода и храна.

Во меѓувреме, се истакнува дека лизгањето на земјиштето во рудникот во вторникот вечер се случило поради тоа што дошло до кршење на поставените потпори во рударското окно.

Екипата составена од 140 лица од различни институции ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување во областа.



Слични вести