Махмуд Абас одговорил позитивно на повикот на Путин за состанок со Нетанјаху во Москва

Портпаролот во кабинетот на претседател махмуд Абас, Небил Еби Рудејне, дека Абас на повикот на рускиот претседател Путин прифатил да одржи состанок во Москва со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но додаде дека Нетанјаху го избегнува тоа

1153993
Махмуд Абас одговорил позитивно на повикот на Путин за состанок со Нетанјаху во Москва

Палестинскиот претседател Махмуд Абас одговорил позитивно на повикот на рускиот претседател Владимир Путин за одржување на „троен состанок“ во Москва со било кој израелски лидер.

Според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, портпаролот во кабинетот на палестинскиот претседател Абас, Небил Еби Рудејне во објавеното писмено соопштение истакнал дека палестинскиот претседател Махмуд Абас на повикот на Путин прифатил да одржи состанок во Москва со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но додаде дека Нетанјаху го избегнува тоа.

Ебу Рудејне во соопштението го напишал и следното: „Претседателот Абас е подготвен секогаш да одговори позитивно на барањето на претседателот Путин за одржување на еден ваков состанок, со актуелниот премиер или со било кој друг израелски премиер кој ќе дојде на власт по изборите, а со цел да се постигне праведен и траен мир.“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред вчерашната официјална посета што ја оствари на Русија изјави: „Мојата средба со палестински лидер кој сака мир или е ориентиран за мир, е доволна за постигнување на мирот.“ 

Русија пак претходно во ноември 2018 година соопшти дека е спремна да посредува и да биде домаќин на мировните разговори кои што веројатно ќе се одржат помеѓу Израел и Палестина.

Мировните разговори помеѓу Израел и Палестина беа прекинати во април 2014 година поради тоа што Израел не ги прифати границите од 1967 година, правото на враќање на Палестинците подложени на насилно иселување и да престане со изградба на еврејски населби.



Слични вести