Во главниот град на Виетнам, Ханој, започна вториот самит помеѓу Трамп и Ким

Средбата помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во главниот град на Виетнам, Ханој, започна во 18:30 часот според локално време (14:30 часот според турско време).

1153650
Во главниот град на Виетнам, Ханој, започна вториот самит помеѓу Трамп и Ким

Денеска се остварува нова историска средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Средбата помеѓу двајцата лидери во главниот град на Виетнам, Ханој, започна во 18:30 часот според локално време (14:30 часот според турско време). 

Како што е соопштено главниот дел од самитот ќе се одржи утре.

Неколку часа пред да започне вториот самит Трамп-Ким, во објавеното соопштение од Белата куќа беа дадени информации во врска со програмата на самитот на Трамп.

Спопред тоа, по средбата лице в лице помеѓу двајцата лидери за која што се планира да трае приближно 20 минути ќе се премине на вечера на која ќе присуствуваат и делегациите на двете земји.

Белата куќа засега не ги сподели деталите на утрешниот самит помеѓу двајцата лидери.

Американскиот претседател Доналд Трамп во Ханој се очекува да се состане и со виетнамскиот претседател Нгујен Пу Тронг и премиерот Нгујен Хуан Пуч.

Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун за прв пат се состанаа на историскиот самит што се одржа на 12 јуни 2018 година во Сингапур и овде потпишаа обемен договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своите последни даде изјави истакна дека ќе остварат уште еден мошне успешен самит со Ким и дека заедно со тоа нема да брзаат по прашањето на денуклеаризацијата на Северна Кореја.



Слични вести