Средба на американскиот претседател Трамп и севернокорејскиот лидер Ким во Ханој, Виетнам

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун се состанаа на вечера во главниот град на Виетнам, Ханој, и оваа нивна втора средба започна во пријателска атмосфера, додека главниот самит ќе се одржи утре

1153836
Средба на американскиот претседател Трамп и севернокорејскиот лидер Ким во Ханој, Виетнам

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун остваруваат уште една нова историска средба.

Средбата на двајцата лидери во главниот град на Виетнам, Ханој, започна во 18:30 часот според локално време (14:30 часот според турско време).

Двајцата лидери се состанаа на вечера и оваа нивна втора средба започна во пријателска атмосфера.

По остварениот самит во јуни во Сингапур, ова е втор самит на Трамп и Ким кои пред вечерата се ракуваа и се фотографираа за медиумите, со насмевка на своите лица.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во говорот што го одржа во оваа пригода рече: „Изминатиот период од 261 ден навистина беше сцена на многу големи напори и на ист начин во текот на ова време беа покажани напори и со трпение.“

Во врска со оваа средба, Ким рече: „Се надеваме дека ќе биде успешна средба.“

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така го изрази задоволството од тоа што е заедно со Ким во Виетнам и рече: „Голема чест е да се биде заедно овде. Навистина Виетнам за нас, го постели црвениот тепих за нас.“

Трамп ја изнесе проценката дека првиот самит помина мошне успешно и рече: „Се надеваме дека овој самит ќе биде единствен по прашањето на взаемниот успех и можеби ќе биде поуспешен (во споредба со првиот самит)“.

Велејќи дека фрлените чекори и случувањата во односите беа успешни, американскиот претседател Доналд Трамп го додаде следното: „Како што реков многупати, вашата земја има неверојатен извонреден економски потенцијал. Поседува со неограничен економски потенцијал. Мислам дека имате извонредна иднина и дека сте голем лидер. Со нетрпение чекаме да видиме дека се реализира тоа и да ви помогнеме за тоа“.

Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун за прв пат се состанаа на историскиот самит што се одржа на 12 јуни 2018 година во Сингапур и овде потпишаа обемен договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своите последни даде изјави истакна дека ќе остварат уште еден мошне успешен самит со Ким и дека заедно со тоа нема да брзаат по прашањето на денуклеаризацијата на Северна Кореја.

Како што е соопштено главниот самит помеѓу двајцата лидери, Трамп и Ким, ќе се одржи утре.



Слични вести