Заврши самитот меѓу Европската унија и Арапската лига во Шарм ел Шеик, во Египет

Во објавената завршна декларација на крајот на самитот се истакнува дека зголемувањето на потпомагањето меѓу Арапските земји и Европската унија (ЕУ) за изнаоѓање решение за проблемите претставува „клучнен збор“

1152499
Заврши самитот меѓу Европската унија и Арапската лига во Шарм ел Шеик, во Египет

Заврши самитот меѓу Европската унија (ЕУ) и Арапската лига (АЛ) што се одржа во познатото туристичко одморалиште Шарм Ел Шеик во Египет.

Во објавената завршна декларација на крајот на самитот се истакнува дека зголемувањето на потпомагањето меѓу Арапските земји и Европската унија (ЕУ) за изнаоѓање решение за проблемите претставува „клучнен збор“.

Во декларацијата се потестува дека населението кое живее во овие две региони сочинува 12 отсто од светското население и се појаснува дека за поддржување на стабилноста и просперитетот е започнат нов период на потпомагање во мултилатерална рамка, кој што се потпира на легитимноста.

Се потцртува дека ќе се води борба против илегалната миграција и се вели следното: „Го повторивме нашиот став по прашањата на тоа дека бегалците се поддржуваат во рамките на меѓународните закони, се почитуваат човековите права, се осудува непријателството кон странците, дека не се дозволуваат методите на незаконска борба против илегалната миграција и дека продолжува борбата против криумчарењето на луѓе.“  

Во декларацијата се напоменува дека на самитот беше разговарано и за палестинското прашање, при што се вели дека се поддржува решението со две држави и дека беше поставено на дневен ред и прашањето за одржување на директни разговори за формирање на држава Палестина во границите од 1967 година со главен град Источен Ерусалим и за постигнување на сеопфатен мир на Блискиот исток.  

Во декларацијата стои дека беа направени конструктивни и длабоки проценки и по прашањата на Либија, Сирија и Јемен и притоа беше потцртано зачувувањето на територијалниот интегритет и суверенитетот на овие земји. 

Освен тоа на самитот беше разговарано и за прашања посветени на меѓународниот мир и безбедноста и спречувањето на префрлувањата на терористите и оружје преку границите, како и поддршката на тероризмот.

Во завршната декларација составена од 17 члена се истакнува дека е одлучено следниот самит меѓу Европската унија (ЕУ) и Арапската лига (АЛ) да се одржи во 2022 година во главниот град на Белгија, Брисел. 
 



Слични вести