Зариф не бил информиран за посетата на Асад на Техеран

Полека се разјаснуваат причините за оставката на иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф

1153078
Зариф не бил информиран за посетата на Асад на Техеран

Пратеникот од Техеран во иранскиот Парламент Илјас Хазрети истакна дека министерот за надворешни работи Џевад Зариф не бил информиран за посетата на лидерот на сирискиот режим Бешар Асад на Техеран и дека тоа претставува мошне лоша ситуација.

Пратеникот во дадената изјава за иранската официјална новинска агенција „ИРНА“ рече: „Претставува мошне лоша ситуација министерот нза надворешни работи да не биде информиран во однос на едно прашање кое ја засега надворешната политика. Бешар Асад доаѓа во Техеран, меѓутоа министерот за надворешни работи (Зариф) не знае за тоа. Тоа е мошне лошо."

Илјас Хазрети нагласи дека на разговорите кои функционерите на земјата ги остваруваат со странски функционери сигурно мора да присуствува и министерот за надворешни работи и подвлече дека Зариф не присуствуваше на разговорите кои што ги реализира Асад со иранскиот верски лидер Али Хамнеи и со претседателот Хасан Рухани.

Изнесувајќи го и тоа дека Зариф се жалел поради "недостатокот од координација во сферата на надворешната политика и од интервенцијата на различни институции", Хазрети посака од иранскиот претседател Хасан Рухани да не ја прифати оставката на Зариф.

Инаку, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во објавата што ја сподели вчера на својата сметка преку социјалната медија истакна дека поднесува оставка на функцијата.



Слични вести