Започна вежбата на НАТО „Динамик Манта 2019“

Земјите учеснички на вежбата ќе имаат можност да ги унапредат и развијат способностите и воздушната, копнена и поморска соработка во борбата против заканите врз националните и меѓународни територијални води на НАТО

1152365
Започна вежбата на НАТО „Динамик Манта 2019“

Вчера започна воено поморската вежба на НАТО „Динамик Манта 2019“ чија цел е унапредување на способностите, координацијата и обука меѓу воздушните, копнените и поморските сили.

На вежбата на НАТО што се одржува под покровителство на Италијанските поморски сили учествуваат Турција, Канада, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Шпанија, Британија и над три илјада војници од САД.

На воено поморската вежба на сојузничките сили се предвидува да учествуваат и 24 пловни објекти, воздушни летала и нуркачки средства.

Земјите учеснички на вежбата ќе имаат можност на крајбрежјето на Сицилија, преку вистинско сценарио, да ги унапредат и развијат способностите и воздушната, копнена и поморска соработка во борбата и заканите врз националните и меѓународни територијални води на НАТО.

Воената вежба истовремено има за цел да ја развие соработката меѓу регионалните земји на Медитеранот, Егејот и Црното море, да ја обезбеди нивната поморска безбедност, да остварат заеднички поморски обуки и да се покаже военото присуство на НАТО.

Турција е земја која обезбедува најголема поддршка на воените поморски вежби на НАТО и на последната вежба Динамик Манта-2019 силно ќе се почувствува военото присуство на Турција.

Турските поморски сили на вежбата ќе учествуваат со фрегата ТЏГ Гелиболу, подморницата ТЏГ Ѓур и еден авион за поморска контрола (П-235).

Вежбата ќе трае до 8 март.



Слични вести