Во воздушен напад на АФРИКОМ во Сомалија се убиени 35 членови на Еш Шебаб

Во објавеното соопштение од Командата на војската на САД за Африка (АФРИКОМ) во Сомалија се истакнува дека во воздушен напад на областа на 37 километри од Беледвејне кај регионот Хиран, се убиени 35 членови на терористичката организација Еш Шебаб

1152438
Во воздушен напад на АФРИКОМ во Сомалија се убиени 35 членови на Еш Шебаб

Во реализиран воздушен напад од страна на Командата на војската на САД за Африка (АФРИКОМ) во Сомалија се убиени 35 членови на терористичката организација Еш Шебаб.

Во објавеното соопштение од АФРИКОМ се истакнува дека на областа на оддалеченост од 37 километри од населеното место Беледвејне кај регионот Хиран беше реализиран воздушен напад во соработка и со сомалиската влада.

Во соопштението се вели дека во воздушниот напад се убиени 35 припадници на терористичката организација Еш Шебаб и се додава следното: „Цел на овој напад беа членови на Еш Шебаб кои беа во движење во руралното подрачје. Овој координиран напад е дел од напорите за поддршка на националната армија на Сомалија која го зголемува притисокот против терористичката органзиација и нејзините обиди да се смести во регионот.“

Во истото соопштение им се одделува место и на размислувањата на командантот за операции на АФРИКОМ генерал мајор Грег Олсон кој рече: „Со овој напад доведовме до прекин на обидите на Еш Шебаб за собирање нови сили. Со овој координиран напад пред да се организираат терористите, елиминиравме една потенцијална закана најпрвин против нашите партнери, а потоа и против сомалискиот народ.“

Во соопштението не беа дадени информации во врска со тоа дали во воздушниот напад имало цивилни загуби.



Слични вести