Приврзаници на ПКК ги нападнаа зградата на Советот на Европа и полицијата во Стразбур

Приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во Стразбур, фрлаа со камења и други видови опасни предмети при што ги скршија стаклата и вратата на зградата на Советот на Европа, а ја запалија и кантата за отпадоци пред зградата

1152722
Приврзаници на ПКК ги нападнаа зградата на Советот на Европа и полицијата во Стразбур

Приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои протестираа во францускиот град Стразбур ги нападнаа зградата на Советот на Европа и полицијата.

Според вестите објавени во локалниот печат, приврзаници на ПКК кои протестираа пред зградата на Советот на Европа во знак на протестирање на условите во затвор на терористичкиот водач (Абдула Оџалан), предизвикаа нереди наоколу.

Симпатизерите на терористичката ПКК фрлаа со камења и други видови опасни предмети при што ги скршија стаклата и вратата на зградата на Советот на Европа, а ја запалија и кантата за отпадоци пред зградата.

Приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација со камења ранија тројца полицајци, а 43'јца приврзаници беа притворени.

Директорот за комуникација на Советот на Европа Даниле Холтген во дадената изјава за печатот истакна дека нападот е неприфатлив.

На Европскиот булевар каде што беше одржан протестот беа преземени строги безбедносни мерки.



Слични вести