Лавров: Меѓународната правна основа се поделува, САД пак распарчуваат сé

Лавров истакна дека почна да се оформува нов мултиполарен светски поредок и рече: „Меѓународната правна основа се поделува, САД пак распарчуваат сé.“

1152551
Лавров: Меѓународната правна основа се поделува, САД пак распарчуваат сé

Рускиот министер за надворешни работи Срегеј Лавров во Виетнам учествуваше на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусија Валдај каде што направи проценка на глобалните политички случувања.

Лавров истакна дека почна да се оформува нов мултиполарен светски поредок и рече: „Меѓународната правна основа се поделува, САД пак распарчуваат сé.“

Нагласувајќи дека Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) е недоволен во претставувањето на регионите во развој во светот, Лавров рече: „По прашањето на реформата во Советот за безбедност на ОН е и задоцнето, бидејќи е недоволен во претставувањето на регионите во развој во Азија, Африка и Латинска Америка.“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров застана во одбрана на тоа дека Европската унија (ЕУ) пак се „повлече во својата корупка“ во однос на безброј глобални прашања и го додаде следното: „Веќе говориме за оформување на еден нов мултиполарен светски поредок. Меѓународната правна основа се поделува, САД пак распарчуваат сé. Исто така и случувањата кои што се доживваат во одредени области на Евроазија би можеле да се оценат како повлекување во својата корупка. Ние пак, посакуваме да фрлиме чекори со кои што ќе се започне еден сеопфатен процес.“

Лавров подвлече дека исто така западните земји не ги фрлаат потребните чекори по прашањето на бегалците и додаде: „Ние не ја бомбардиравме Либија и ја претворивме во една црна дупка. Сега пак, поради терористичките активности во земјата има бегства кон север. Така да ние предлагаме одговорните директно да покажат интерес кон ова прашање.“



Слични вести