Комеморации во Баку во знак на сеќавање на жртвите од масакрот на Ерменците во Хоџали

Голем број азербејџански граѓани во знак на сеќавање на 613 Азербејџанци кои пред 27 години беа ѕверски убиени во Хоџали од страна на Ерменџите, го посетија споменикот на Мајчиниот крик (Ana Feryadı) во главниот град Баку

1152785
Комеморации во Баку во знак на сеќавање на жртвите од масакрот на Ерменците во Хоџали

Во Азербејџан со учество на десетици илјади лица се одржуваат комеморации во знак на сеќавање на жртвите од масакрот извршен од страна на Ерменците во градчето Хоџали во Нагорно Карабах, на 26 февруари 1992 година.

Голем број азербејџански граѓани во знак на сеќавање на 613 Азербејџанци кои пред 27 години беа ѕверски убиени во Хоџали од страна на Ерменџите, го посетија споменикот на Мајчиниот крик (Ana Feryadı) во главниот град Баку.

Десетици илјади Азербејџанци кои се собраа на плоштадот „Азадлик“ (Слободата) во Баку заедно со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и државниот врв маршираа кон споменикот на Мајчиниот крик. 

По маршот на кој учествуваа и амбасадорот на Турција во Баку Еркан Озорал, претставникот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Уфук Тургенер и претставници на други турски институции и органзиации, азербејџанскиот претседател илхам Алиев и делегацијата во негова придружба поставија цвеќе на споменикот.

По одржаната официјална комеморација споменикот беше отоврен за посета на граѓаните.

Голем број Азербејџанци со азербејџански знамиња, фотографии на измасакрираните лица и транспаренти со реакција против ерменскиот зулум во своите раце, во чест на жртвите оставија каранфили на пред споменикот.

Оние кои беа сведоци на ѕверството извршено од страна на Ерменците во градчето Хоџали, во Нагроно Карабах, пред 27 години, со солзи во очите читаа дови (молитви) за своите блиски.

Ерменските сили почнувајќи од 25 февруари 1992 година го нападнаа градчето Хоџали од три страни, додека 366'тиот моторизиран полк на армијата на тогашниот Советски Сојуз со целокупната артилерија го гранатираше, со топови и тенкови, градчето во текот на 2 часа.

Еден ден по овие жестоки напади беше извршен масакрот во Хоџали за кој што се уште се свежи сеќавањата.

Според официјални податоци, за време на масакрот во Хоџали беа ѕверски измасакрирани вкупно 613 недолжни азербејџански граѓани од кои 106 беа жени, 63 деца и 70 старци. Од масакрот се спасија  487 тешко ранети лица.

Ерменските сили заробија 1.275 лица од кои од 150 лица не беа и се уште не можат да се добијат никакви информации.

 



Слични вести