Израелскиот премиер Нетанјаху ја дочека со задоволство оставката Џевад Зариф

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата за печат на израелската влада се вели дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ја дочека со задоволство оставката на иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф

1152967
Израелскиот премиер Нетанјаху ја дочека со задоволство оставката Џевад Зариф

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја дочека со задоволство оставката на иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во врска со што го употреби изразот: „Зариф си замина. Кај сака нека оди.“

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата за печат на израелската влада се вели дека премиерот Бенјамин Нетанјаху даде изјава во врска со оставката на иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф.

Нетанјаху, речиси мислејќи дека има удел во оставката на Зариф изјави: „И сé додека јас сум овде, Иран не ќе може да се стекне со нуклеарно оружје.“

Инаку, Израел долги години како води кампањи против постигнатиот нуклеарен догвоор со Иран.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во објавата што ја сподели вчера на својата сметка на социјалната мрежа Инстаграм истакна дека не би можел да продолжи да ја извршува оваа своја должност и дека поднесува оставка

Заменик-портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусеви во дадената изјава за иранската официјална новинска агенција „ИРНА“, ја потврди оставката на Зариф, додека шефот на канцеларијата на кабинетот на претседателот, Махмуд Ваизи во објавениот пост на својата сметка на социјалната медија истакна дека не се точни тврдењата околу тоа дека оставката на Зариф е прифатена од страна на претседателот Хасан Рухани. . 

 



Слични вести