Зејотрес во Индонезија

Сеуште нема конкретни податоци за евентуални жртви и материјална штета

1151633
Зејотрес во Индонезија

Во индонезиската провинција Горонтало на островот Сулавеси се случи земјотрес со јачина од 5,3 степени.

Заводот за метеорологија, климатски услови и геофизика на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот беше евидентиран на длабочина од 71 км под земјата, на 21 км југозападно од подрачјето Боалемо.

Заводот за метеорологија, климатски услови и геофизика на Индонезија како и Пацифичкиот центар за предупредување од цунами не прогласи алармантна состојба.

Сеуште нема конкретни податоци за евентуални жртви и материјална штета.



Слични вести