Зариф: Заканите на САД против Венецуела значат прекршување на меѓународното право

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф се состана со заменик министерот за надворешни работи на Венецуела Робин Дарјо Молина при што истакна дека заканите на САД за употреба на сила против Венецуела значат прекршување на меѓународното право

1151809
Зариф: Заканите на САД против Венецуела значат прекршување на меѓународното право

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф истакна дека заканите на САД за употреба на сила против Венецуела значат прекршување на меѓународното право и напомена дека овие видови чекори „се осудени на несупех“.

Според објавеното соопштение на интернет страницата на иранското Министерство за надворешни работи, министерот за надворешни работи Џевад Зариф се состана со заменик министерот за надворешни работи на Венецуела Робин Дарјо Молина и делегацијата во негова придружба.

На средбата, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф рече дека неговата земја е против секој вид надворешна интервенција и дека ја поддржува владата на Венецуела.

Велејќи дека го поддржуваат предлогот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за политички преговори помеѓу владата и опозицијата за решавање на споровите и проблемите, Зариф рече дека интервенцијата на САД во внатрешните работи на Венецуела и Латинска Америка и нивните закани со употреба на сила против Венецуела претставуваат прекршување на меѓународното право и декларацијата на Обединетите нации (ОН).  

Освен тоа иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф нагласи дека овие видови чекори „се осудени на несупех“.

На средбата заменик министерот за надворешни работи на Венецуела Робин Дарјо Молина го информираше иранскиот министер за надворешни работи Џевад зариф во врска со последните случувања во Венецуела, а воедно ја изрази својата благодарност до Иран за поддршката што ја дава за подобрување на политичката ситуација во земјата.

 



Слични вести