Во напад на Хусите во Јемен загинаа најмалку 12 војници

Во населеното место Ел Бука кај градот Сада во северниот дел на Јемен милитанти Хуси реализираа напад на еден пазар при што загинаа 12 војници, а 50 лица беа ранети меѓу кои се наоѓаат и цивили.

1151547
Во напад на Хусите во Јемен загинаа најмалку 12 војници

Во реализиран напад од страна на милитантите Хуси на еден пазар во градот Сада во Јемен загинаа 12 војници.

Во населеното место Ел Бука кај градот Сада во северниот дел на земјата милитанти Хуси реализираа напад на еден пазар при што загинаа 12 војници, а 50 лица беа ранети меѓу кои се наоѓаат и цивили.

Според добиени информации од воени извори на владата, Хусите од областа на планините Решаха кај населеното место Ел Бука реализирале 20 истрели со хаубици врз еден пазар каде што купувале војниците на бригадите Ет-Тахрир, Фетих и Ел-Ахрар.

Поради тоа што здравствената состојба на некои од ранетите војници била тешка се стравува од зголемување на бројот на загинатите во нападот.



Слични вести