Саудискиот крал предизвика изненадување со изјавата за границите на Палестина од 1937

„Уште еднаш ги повторувам непроменливите политики на земјата кои се однесуваат на враќање на сите легитимни права на Палестинскиот народ“ рече кралот Селман

1152041
Саудискиот крал предизвика изненадување со изјавата за границите на Палестина од 1937

Саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз во говорот на Состанокот меѓу Европската Унија (ЕУ) и Арапската Лига (АЛ) предизвика изненадување со изјавата за границите на Палестина од 1937, кој став се коси со општо прифатеното мислење. Во говорот на синоќешното свечено отворање на состанокот што се одржува во Египет, саудискиот крал Селман направи осврт на непроменливите ставови во врска со Палестинското прашање.

Селман во говорот рече дека уште еднаш ги повторува непроменливите политики на земјата кои се однесуваат на враќање на сите легитимни права на Палестинскиот народ, вклучувајќи го и формирањето на независната држава Палестина во рамките на границите од 1937, а чиј главен град Источен Ерусалим.

Кралот Селман во говорот што го одржа читајќи го спремниот текст, со изнесување на изразот „границите од 1937“ наместо „границите од 1967“ привлече големо внимание.

Во врска со прашањето не беше објавено никакво соопштение како од страна на Саудиска Арабија така и од страна на Израел.



Слични вести