Меркел рече дека судбината на ЕУ и АЛ е поврзнана

Арапските земји да ги почитуваат човековите права и да го промовираат граѓанското општество, за стабилност и економски развој во нивниот регион

1152273
Меркел рече дека судбината на ЕУ и АЛ е поврзнана

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика арапските земји да ги почитуваат човековите права и да го промовираат граѓанското општество, за стабилност и економски развој во нивниот регион.

Во обраќањето пред новинарите во Шарм ел Шеик, Меркел изјави дека Европската Унија има силен интерес во економскиот просперитет на арапските земји.

„Но исто така сум убедена дека ова може да биде постигнато доколку постои силно граѓанско општество и доколку се почитуваат човековите права“, нагласи таа.

Меркел, која пристигна во Египет за дводневниот самит на ЕУ и земјите членки на Арапската лига, ги повика арапските земји да преземат мерки за промовирање на организациите на граѓанското општество и да се обезбеди заштита на малцинствата.

Меѓутоа, таа се воздржуваше од отворена критика кон египетската Влада, во услови на меѓународната вознемиреност, поради егзекуцијата на деветте млади луѓе минатата недела.

„Амнести интернешнал“ соопшти дека биле осудени за обвиненија за тероризам, откако флагранто нетранспарентниот судски прцес беше нарушен со тортура.

Пред посетата на Меркел во Шарм ел Шеик, германските законодавци ја повикаа канцеларката на самитот „ЕУ-Арапска лига“ да го изнесе прашањето за човековите права, како и во билатералните разговори со египетските водачи.

Во јуни 2015 година, германскиот индустриски гигант „Сименс“ потпиша договор вреден 8 милијарди евра (9 милијарди долари) со Египет за снабдување со гасни и ветерни електрани.

Договорот беше потпишан за време на официјалната посета на египетскиот претседател Абдел Фатх ал-Сиси во Германија.



Слични вести