Бачелет ги осуди настаните со насилство на границата на Венецуела со Колумбија

Во објавеното писмено соопштение од Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОН) се привлекува внимание на настаните со насилство на одредени места на границата на Венецуела со Колумбија и Бразил

1152064
Бачелет ги осуди настаните со насилство на границата на Венецуела со Колумбија

Високата комесарка за човекови права на Обединетите нации (ОН) Мишел Бачелет ги осуди настаните со насилство на границата на Венецуела со Колумбија.

Во објавеното писмено соопштение од Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОН) се привлекува внимание на настаните со насилство на одредени места на границата на Венецуела со Колумбија и Бразил.

„Бачелет, особено ја осудува употребата на прекумерна сила од страна на венецуелските безбедносни сили и провладините елементи за време на настаните за кои што е потврдено дека во петок и во сабота загинаа најмалку 4 лица и повеќе од 400 лица се повредени.“ - се вели во соопштението.

Во истото соопштение и се одделува место и на следната констатација на високата комесарка за човекови права на Обединетите нации (ОН) Мишел Бачелет: „Луѓето беа стрелани и убивани. Други, според добиените извештаи, беа повредени така што не ќе можат никогаш целосно да закрепнат, вклучувајќи го и губењето на своите очи. Тоа се срамни сцени. Венецуелската влада мора да ја сопре употребата на прекумерна сила на безбедносните сили против невооружените демонстранти и обичните граѓани.“

Бачелет воедно посака од венецуелската влада да ја намали тензијата.



Слични вести