Судири на границата помеѓу Венецуела и Колумбија

Венецуелската граѓанска организација Форо Пенал блиска до опозиционерите тврди дека во судирите на границата со Колумбија животот го загубија 4 лица, 200 се повредени, а 51 лице се притворени

1151278
Судири на границата помеѓу Венецуела и Колумбија
venezuela sinirinda catisma.jpg
venezuela.jpg
venezuela sinirinda catisma1.jpg
venezuela sinirinda catisma2.jpg

За време на обидот на внесување во земјата на "хуманитарната помош" дојде до судири во кои како што се наведува животот го загубија 4 лица.

На границата на Венецуела со Колумбија при предавање на "хуманитарната помош" испратена од страна на Меѓународната агенција за развој на САД (УСАИД) на самопрогласениот претседател на Венецуела Хуан Гуаидо и при обидот за внесување на оваа "хуманитарна помош" во земјата дојде до судири помеѓу венецуелските безбедносни сили и опозицијата.

На меѓународниот мост Симон Боливар што ги поврзува Колумбија и Венецуела на демонстрантите кои фрлаа со молотови коктели и камења безбедносните сили интервенираа со солзавец.

На еден друг мост Франциско де Паула Сантандер пак, беа запалени камионите со помош и тоа стана причина за дискусии.

Извори блиски до венецуелската влада тврди дека камионите биле запалени од страна на опозиционерите со провокативна цел, додека опозиционерски извори наведуваат дека камионите биле запалени од страна на Боливарските национални гардисти (ГНБ).

Венецуелската граѓанска организација Форо Пенал блиска до опозиционерите, тврди дека во судирите на границата со Колумбија животот го загубија 4 лица, повеќе од 200 се повредени, а 51 лице се притворени.

Од страна на венецуелската влада засега не е објавено било какво соопштение по ова прашање.

Границата со Бразил каде што започнаа првите жестоки судири е единственото место од кое влезе хуманитарна помош во Венецуела.

Како што се вели во утринските часови преку бразилската граница во Венецуела била внесена хуманитарна помош составена од лекови чија количина не е точно позната.

Бродот кој што превезува "хуманитарна помош" во износ од 200 тони за која се очекува да биде внесена во Венецуела преку Порто Рико пак, се тврди дека поради попречувањето на венецуелската морнарица го сопрел своето пловење во меѓународните води.

Колумбиски извори наведуваат дека досега повеќе од 60 војници припадници на безбедносните сили на Венецуела од различни чинови дезертирале и се засолнале во Колумбија.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопшти дека донесе одлука за прекинување на секој вид политички и дипломатски односи со Колумбија и им даде на колумбиските дипломати рок од 24 часа да ја напуштат Венецуела.



Слични вести