Венецуела ја затвори за привремено границата со Колумбија

Потпретседателката на Венецуела Делси Родригес истакна дека поради сериозните и илегалните закани од страна на владата на Колумбија против сувереноста и мирот на Венецуела, е донесена одлука за привремено затворање на границата со оваа земја

1151127
Венецуела ја затвори за привремено границата со Колумбија

Владата на Венецуела донесе одлука за привремено затворање на границата со Колумбија, изнесувајќи ги притоа како причина „сериозните и илегалните закани“ на оваа земја.

Потпретседателката на Венецуела Делси Родригес во соопштението што го објави на својата мсетка на социјалната медија истакна дека  поради сериозните и илегалните закани од страна на владата на Колумбија против сувереноста и мирот на Венецуела, е донесена одлука за привремено затворање на трите гранични премини помеѓу двете земји.

Одлуката на венецуелската влада за затворање на границата со Колумбија е донесена пред 23 февруари, датум кога опозицијата соопшти дека ќе внесе „хуманитарна помош“ во земјата.

Венецуела претходно донесе одлука за затворање на својата границата и со Бразил.

Дискусиите во врска со „хуманитарната криза и помош" во Венецуела, која ја доживува најсериозната политичка и економска криза во својата историја, ја сочинуваат едната од најзначајните компоненти на затегнатоста помеѓу опозицијата поддржана од САД и власта во оваа земја.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро вели дека дискусиите за „помош“ се „дел од стратегијата на САД за окупација“ и дека „нема да го дозволи тоа шоу“.

Опозицијата пак застанува во одбрана на тоа дека 300 илјади лица имаат потреба од помош и дека 2 милиони лица се соочуваат со ризик по здравјето, поради што наведува дека треба да влезе помош во земјата.

По наредба на венецуелскиот претседател Мадуро армијата ја затвори границата, поради што останува неизвесно како опозицијата на 23 февруари (денеска) ќе ги внесе во земјата пакетите со хуманитарна помош кои што чекаат во колумбискиот град Кукута, на границата со Венецуела.

 



Слични вести