Авганистанскиот претседател Гани: Мирот не би требало да стои само на хартија

Авганистанскиот претседателот Ешреф Гани истакна дека мирот не би требало да стои само на хартија

1151210
Авганистанскиот претседател Гани: Мирот не би требало да стои само на хартија

Претседателот на Авганистан Ешраф Гани, во говорот што го одржа на состанокот со граѓаните во претседателската палата во Кабул истакна дека авганистанскиот народ има надеж за подобра иднина.

Гани порача дека мирот не би требало да стои само на хартија, туку дека би требало да се има планови и проекти за иднината на земјата.

Велејќи дека посакуваат траен мир во Авганистан, Ешреф Гани рече: „Мирот не би требало да стои само на хартија, туку би требало да имаме планови и проекти за иднината на Авганистан.“

Тој нагласи дека економијата на Авганистан ќе се развие со сопствено производство и со големи проекти кои ќе бидат ставени во примена во земјата, а не со поддршка на странските земји.

Гани истакна дека земјата веќе треба да застане на сопствени нозе.

„Ќе дојде мирот во Авганистан“, порача претседателот Ешреф Гани и нагласи дека предлогот за формирање "привремена влада" за мировните разговори е испланиран во странство и дека тоа никако нема да се оствари.

"Авганистанците можат самите да го изберат својот претседател, Исламабад, Техеран и Москва немаат право на тоа." - рече авганистанскиот претседател Ешреф Гани.



Слични вести