Во пожар во главниот град на Бангладеш, Дака животот го загубија најмалку 69 лица

Во пожар во главниот град на Бангладеш, Дака, според првични информации животот го загубиле најмалку 69 лица

1149437
Во пожар во главниот град на Бангладеш, Дака животот го загубија најмалку 69 лица

Во пожар што се појавил во област со историски згради во главниот град на Бангладеш, Дака, според првични информации животот го загубиле најмалку 69 лица.

Генералниот директор на противпожарната служба Али Ахмед истакна дека пожарот кој што избувнал  во една зграда во вечерните часови на местото Чавкбазар во областа наречена Стара Дака, во главниот град, се проширил на други згради наоколу во чии магацини имало хемиски и пластични материјали по што се проширил со голема брзина.

Махфуз Рибен, од противпожарната служба, истакна дека во пожарот во областа со тесни улици меѓу куќите и зградите со продавници и магацини животот го загубиле најмалку 69 лица.

Рибен напомена дека во областа зафатена од пожарот има голем број заглавени лица поради што се стравува од зголемување на бројот на жртвите.

По 9 часовна борба со огнената стихија пожарот во голема мера бил ставен под контрола.

 



Слични вести