Критики од Русија против САД во врска со Венецуела

Лавров: „Интервенцијата врз една независна земја се коси со критериумите на ОН“

1149434
Критики од Русија против САД во врска со Венецуела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во врска со евентуалната американска воена интервенција на Венецуела рече:

„Интервенцијата врз една независна земја се коси со критериумите на ОН“.

Министерот Лавров по средбата со замбискиот колега Џое Маланжи по повод 55-та годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји во Москва одржаа заедничка прес конференција.

На едно прашање во врска со Венецуела, министерот Лавров рече дека чувствува загриженост од состојбата во оваа земја.

„За жал опозицијата во Венецуела ги подржува американските закани за воена интервенција. Интервенцијата врз една независна земја се коси со критериумите на ОН.

Проблемот во Венецуела треба да се реши по пат на дијалог“ рече Лавров.

Замбискиот министер за надворешни работи Маланжи пак рече дека на средбата размениле мислења во врска со економските односи меѓу двете земји.



Слични вести