Иран од утре во текот на три дена ќе реализира воени маневри во Ормутскиот теснец

Командантот на иранските поморски сили вицеадмирал Хусејин Ханзади во својот говор емитуван на државната телевизија истакна дека воените маневри во Ормутскиот теснец кои што ќе започнат утре ќе траат во текот на 3 дена

1149915
Иран од утре во текот на три дена ќе реализира воени маневри во Ормутскиот теснец

Иран соопшти дека ќе започне воени маневри во Ормутскиот теснец кој располага со стратешка местоположба за меѓународната испорака на нафта.

Командантот на иранските поморски сили вицеадмирал Хусејин Ханзади во својот говор емитуван на државната телевизија истакна дека воените маневри кои што ќе започнат утре ќе траат во текот на 3 дена.

Велејќи дека воените маневри насловени како „Велајет 97“ ќе опфатат простор од приближно 2 милиони квадратни километри, Ханзади рече: „Границите на воените маневри ќе се протегаат од Ормутскиот теснец до Оманското Море и до северниот дел на Индискиот Океан.“

Тој напомена дека за време на воените маневри за прв пат ќе бидат истрелани ракети од подморници и дека ќе учествуваат и воени бродови, хеликоптери и извидувачки авиони. 

 

 



Слични вести