Трамп оствари телефонски разговор со претседателот на Јужна Кореја Мун Јае-ин

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговор со претседателот на Јужна Кореја Мун Јае-ин посветен на самитот што ќе се одржи со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун на 27-28 февруари, во виетнамскиот град Ханои

1148984
Трамп оствари телефонски разговор со претседателот на Јужна Кореја Мун Јае-ин

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговор со претседателот на Јужна Кореја Мун Јае-ин посветен на самитот што ќе се одржи со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун на 27-28 февруари. 

Трамп рече: „Нема било каков притисок за рокот во однос на денуклеаризацијата на Северна Кореја. На крај сакаме да го видиме тоа дека Северна Кореја е денуклеаризирана.“

Белата куќа објави писмено соопштение во врска со остварениот телефонски разговор помеѓу Трамп и Јеае-ин.

Во соопштението се вели следното: „Претседателот Доналд Трамп оствари телефонски разговор со претседателот на Јужна Кореја Мун Јае-ин посветен на самитот што ќе се одржи со Северна Кореја на 27-28 февруари, во виетнамскиот град Ханои. Двајцата лидери постигнаа согласност по прашањето да бидат во близок контакт во врска со самитот.“

Од друга страна, американскиот претседател Трамп во Белата куќа даде изјави за претставниците на печатот во врска со Северна Кореја.

Велејќи дека самиот не брза по прашањето на денуклеаризацијата на Северна Кореја, Трамп рече: „Нема било каков притисок за рокот. На крај сакаме да го видиме тоа дека Северна Кореја е денуклеаризирана. Тоа ќе го видиме на крај.“

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп вториот самит што ќе го одржи со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун го соопшти за време на неговото обраќање пред Конгресот за состојбата на нацијата.



Слични вести